Отворање на Ревијата на руски филмови во режија на Карен Шахназаров

04/11/2013

                 

На прес конференција која беше одржана денес во просториите на Младинскиот културен центар и на која присуствуваа директорот на Филмскиот фонд, г.Дарко Башески, директорот на Младинскиот културен центар г.Златко Стевковски, директорката на Кинотека на Македонија, г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска, аташето за култура во Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, г. Сурен Ерициjан и рускиот режисер Карен Шахназаров, беше најавено отворањето на Ревијата на руски филмови.

Вчера со почеток во 19:00 часот во Младинскиот културен центар, Кино Фросина беше отворена ревијата на руски филмови на истакнатиот режисер Карен Шахназаров со филмот “Бел Тигар”- руски кандидат за наградата оскар, во организација на Филмскиот фонд на Македонија и Амбасадата на Руската Федерација.

Ревијата беше отворена од страна на Амбасадорот на Руската Федерација Г-дин Олег Николаевич Шербак.

На отварањето се обрати режисерот Карен Шахназаров кој го истакна своето задоволство што е во Р.Македонија и што македонската публика ќе може да ужива во неговите филмови, кои освен во Скопје вооедно ќе се прикажуваат и во сите градови во кои Филмскиот фонд на Република Македонија во изминатиот период ги опреми со дигитални проектори. Режисерот Карен Шахназаров истакна дека ќе ги донира своите филмови во Кинотеката на Македонија со што ќе се овозможи овие филмови и понатаму да бидат достапни за македонската публика во иднина.

Карен Шахназаров е истакнат руски режисер со богата филмографија и вооедно директор на МОСФИЛМ СТУДИО, едно од најголемите продукциски комплекси во Европа.