PRODUCERS ON THE MOVE во потрага по копродукциски партнери

20/05/2013

29 најнадежни продуценти од цела Европа се дел од проектот  Producers on the move (Продуценти во движење), иницијатива на European Film Promotion (EFP) во соработка со Европскиот филмски фонд Еуримаж, кои ќе бидат претставени во склоп на годинешниот Кански филмски фестивал.  Producers on the move е настан кој се одржува на годишно ниво и претставува збирно место за остварување контакти со филмски професионалци и можна копродукциска соработка на актуелните проекти.

         

За време на четиридневната програма која се одржува во периодот од 18 – 21 мај ќе се одржат бројни работилници и состаноци на кои 29те продуценти, претставници од земјите членки на  EFP, ќе добијат можност да ги презентираат своите тековни и идни проекти со цел размена на знаења, искуства и идеи со своите колеги од Европа.

Лабина Митевска од продуцентската куќа Сестри и брат Митевски е овогодинешниот македонски претставник во „Продуценти во движење“, која изминатава година учествуваше во реализацијата на филмот „Жената која си ги избриша солзите“, премиерно прикажан во престижната програма Панорама на минатогодишниот Берлински филмски фестивал.

 

Интервјуата со годинешните претставници на PRODUCERS ON THE MOVE  можете да ги погледнете на: www.cineuropa.org  и www.filmneweurope.com 

Подетални информации за  PRODUCERS ON THE MOVE 2013 на www.efp-online.com