PRODUCERS ON THE MOVE 2015 во потрага по копродукциски партнери на Канскиот филмски фестивал

18/05/2015

 Режисерот и продуцент Светозар Ристовски од продуцентската куќа SMALL MOVES FILMS годинава е избран како македонски претставник на  PRODUCERS ON THE MOVE (15-18 мај) иницијатива на  European Film Promotion што се одржува по 16ти пат во склоп на Канскиот филмски фестивал.Програмата се одржува на годишно ниво и претставува збирно место на 20 најнадежни продуценти од ширум Европа кои добиваат можност да остварат контакти со филмски професионалци и потенцијална копродукциска соработка на актуелните проекти.

Четиридневниот настан на продуцентите им овозможува поголема експонираност и видливост и претставува простор за промоција и развој на европски филмски копродукции преку работилници, индивидуални состаноци, предавања и пичинг сесии каде имаат можност да ги презентираат своите тековни и идни проекти пред своите колеги од индустријата.

Светозар Ристовски  е копродуцент на најновото остварување на Огњен Свиличќ,  "Такви се правилата"  кој својата премиера ја имаше во програмата Хоризонти на минатогодишното издание на Венецискиот филмски фестивал.Покрај копродукцијата со Огњен Свиличиќ, Светозр Ристовски се јавува во улога на продуцент, режисер и сценарист на долгометражниот проект "Лазар",  копродукција меѓу Македонија, Бугарија, Хрватска и Франција кој е во фаза на постпродукција и својата премиера се очекува да ја има летово.

Интервјуто на Светозар Ристовски за Cineuropa можете да го проследите ОВДЕ