PRODUCTION VALUE 2015 - Отворен повик за аплицирање

05/11/2014

Повикот за аплицирање за 9то издание на PRODUCTION VALUE – осумдневна работилница наменета за филмски професионалци што ќе се оддржи во период од 10-18 Јануари, 2015 година во Хелсинки, Финска е официјално отворен.

Работилницата има за цел да ја зајакне соработката  помеѓу асистентите на режија и продукциските менаџери со режисерите и продуцентите и да ги усоврши нивните вештини за изготвување надинамика на реализација и буџетски план за 6 европски, долгометражни проекти во пред продукција.

Селектираните апликанти ќе работат во тимови по двајца и ќе им бидат доделени актуелни проекти во развој, пријавени на работилницата од страна на нивните режисери и продуценти. Тимовите ќе бидат под менторство на истакнати европски професионалци и експерти од дадената област.

Краен рок за аплицирање : 15ти ноември, 2014 година

Подетални информации за работилницата можете да најдете на www.productionvalue.net