Одбрани учесниците на Talents Sarajevo 2015

13/07/2015

Голем број на надежни актери, режисери, директори на фотографија, филмски критичари, продуценти и сценаристи од југоисточна Европа и Јужен Кавказ ќе бидат дел од овогодишната програма Talents Sarajevo 2015. Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од интерактивни панел дискусии, предавања, обуки и содржини наменети за нивно професионално вмрежување. Меѓу македонските претставници кои ќе земат учество во оваа едукативна програма се:   Дениз Абдула, Ивана Павликовиќ, Лидија Мојсовска, Тамара Котевска, Гоце Кралевски, Марија Димитрова, Наум Доксевски и Лидија Мојсовска.

Образовната платформа Talents Sarajevo  која се одржува во склоп на Сараевскиот филмски фестивал е основана во 2007 година во соработка со Меѓународниот филмски фестивал во Берлин и програмата Berlinale Talents.

Во изминативе осум години, Talents Sarajevo прераснува во регионален центар за обука, запознавање и размена на идеи меѓу идните филмски  професионалци. Освен што нуди вмрежување, оваа платформа има за цел да ги запознае учесниците  со делата на големите авторски имиња, да ги информира за современите трендови во филмската индустрија и уметност и да им го олесни патот кон регионалната и меѓународна филмска сцена.  

 

Целосната листа на учесници можете да ја погледнете на следниов ЛИНК