Премиера на „Народен Фронт 12“

10/04/2012

 

Краткиот анимиран филм „Народен фронт 12“ во режија на Иван Ивановски ќе биде премиерно прикажан  во петок, 13ти Април  во Кинотеката на Македонија со почеток во 20 часот.

“Народен фронт 12” е десет минутен анимиран филм кој го отсликува современото општество преку испреплетени приказни, симболи и алегории присутни во и околу зградата со број 12.

 Покрај премиерното прикажување на “Народен фронт 12” публиката ќе може да проследи уште четири кратки анимирани филмови во режија на Ивановски и тоа: „Внатре“, „Шајкање“, „Избледување“  и „Влажен сон“.