„Соба со пијано“ премиерно во САД

14/10/2014

„Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов ќе биде претставен на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, кој ќе се одржи во периодот од 9ти до 23ти октомври. Фестивалот годинава означува 50 години од своето основање како најстариот компетитивен фестивал во Северна Америка, препознатлив по постојаната потрага и претставување на најдобрите и оригинални филмски дела и автори.

„Соба со пијано“ ќе биде дел од јубилејната програма на фестивалот, како филм од престижната секција “World Cinema”, која секоја година, преку изборот од околу 30 наслови го прикажува најдоброто од реномирани автори и возбудливи нови визионери.

Филмот е во продукција на Скопје Филм Студио и е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија.