„Соба со пијано“ на Европскиот Филмски Маркет во Берлин

12/02/2014

Новиот филм на Игор Иванов - Изи „Соба со пијано“ во понеделникот беше прикажан на Европскиот Филмски Маркет во рамките на Интернационалниот Филмски Фестивал во Берлин.
На проекцијата присуствуваа триесеттина дистрибутери, директори на филмски фестивали и продуценти, за кои и беше наменета оваа специјална затворена проекција.

Европскиот Филмски Маркет се организира секоја година во рамките на Интернационалниот Филмски Фестивал во Берлин и е секогаш посетен од голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски организатори од целиот свет и важи за еден од најзначајните меѓународни собири за филмската индустрија.

Претставувањето на „Соба со пијано“ на Европскиот Филмски Маркет е организирано од страна на Агенцијата за Филм на Република Македонија, а филмот во Берлин го претставуваат режисерот Игор Иванов и продуцентот Томи Салковски.