„Игра и спас“ на Фестивал во Нови Сад

15/12/2013

Краткометражниот филм „Игра и Спас“ во режија на Горан Тренчовски и во продукција на Револушн, беше прикажан овој петок на годинешното издание на Фестивалот "Shortz" во Нови Сад, Србија. Филмот е единствениот селектиран од Македонија и ќе се натпреварува во тематската селекција „Мала продавница на социјални стравувања“.

Филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.