„Игра и спас“ на фестивал во Словачка

12/06/2014

   

Краткометражниот „Игра и спас“, во режија на Горан Тренчовски и во продукција на Револушн Продукција, влезе во официјалната селекција на Филмскиот фестивал во Кошице, Словачка кој ќе се одржи во периодот од 18-21 јуни. Филмот ќе биде прикажан во програмата Спектрум.

„Игра и спас“ е приказна за Глигор, кој, навраќајќи се на драматичните сцени од своето минато, кога славата и возбудата биле едиствената поткрепа за верба во времето што наближува - од пукотливите игри за стрeлање птици, од нежните мигови со Марија, од туѓиот подбив и од бесмислените херојства - конечно на крајот излагува од тој апсурден обрач, како нов, пречистен и преобразен човек, посветен кон родното огниште и Божјото спасение.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.

Подетално за фестивалската програма, ОВДЕ