Почина Благоја Дрнков, доајен на македонската фотографија
Ненадминатиот доајен на македонската фотографија и кинематографија, Благоја Дрнков почина на 31-ви јануари 2012година на 98 годишна возраст во Скопје.
Во своето богато фотографско искуство Благоја Дрнков создаде опус со повеќе од 40.000 фотографии за македонската традиција, уметност и култура, градејќи една ретка, трајна, ненадминлива и вечна фотографска колекција на Македонија. Благоја Дрнков е единствениот македонски автор чие творештво е одбележано во Интернационалната енциклопедија на фотографи, објавена во Швајцарија во која се застапени најпознатите фотографи во светот од почетоците на фотографијата до денес. Може слободно да се каже дека тој е основоположникот на македонската фотографија и кинематографија.
Вест: Почина Благоја Дрнков, доајен на македонската фотографија и кинематографија
МТВ: Почина Благоја Дрнков, доајен на македонската фотографија и кинематографија
Сител: Почина Благоја Дрнков, доајен на македонската фотографија и кинематографија
ИнфоПлус: Почина Благоја Дрнков, доајен на македонската фотографија и кинематографија
Плагијат: Почина Благоја Дрнков, бардот на македонската фотографија...
БезПардон: Почина доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков
Кајгана: Почина Благој Дрнков, доајенот на македонската фотографија
Макфакс: Почина доајенот на македонската фотографија Благој Дрнков
Инспрес: Почина Благоја Дрнков, доајен на македонската фотографија и кинематографија
СкајМк: Почина доајенот на македонската фотографија Благој Дрнков
Кирилица: Почина Благоја Дрнков, доајен на македонската фотографија