Повик за учество на Европскиот ден на филмот

13/04/2016

 

Доколку го сакаш филмот и имаш помеѓу 12 и 14 години, биди дел од Европскиот филмски ден за млада публика и гласај за најдобриот Европски филм  зaедно со твоите врсници од повеќе од 20 европски градови и земји.

Европскиот филмски ден за млада публика претставува целодневен настан кој на 8 МАЈ 2016 година во Кинотека на Р.Македонија втора година по ред ќе се одржи во градот Скопје.

На овој ден младата публика ќе има можност да проследи 3 филма селектирани од страна на Европската филмска академија кои ќе се прикажуваат истовремено во различни градови низ цела Европа. На младата публика во сите овие градови по проследување на филмовите преку гласање ќе им биде доверена задачата да го изберат најдобриот европски филм кој свечено ќе биде прогласен за победник на официјалната церемонија која се одржува во Ерфурт, Германија.

За време на настанот младите од сите земји ќе бидат поврзани меѓу себе преку live stream, ќе имаат можност да бидат дел од официјалната церемонија, додека преку комуникациска платформа ќе имаат можност освен да комуницираат меѓу себе, воедно и да им поставуваат прашања на режисерите, актерите и продуцентите на филмовите.

Затоа ве покануваме да бидете и вие дел од овој настан кој покрај филмовите ќе има и многу други забавни содржини. Се што треба да направите е да ја пополните оваа пријава и да уживате во светот на филмот.

Сите трошоци во однос на влезниците, храната и другите содржини ќе бидат покриени од страна на организаторите.


Пополнете ја апликацијата на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/1ch8loWhzQV_1ufHmod-H6rQiH-4mfdrwXPVs92Vm2Ns/viewform?c=0&w=1