Power to the Pixels го најавува 8. Cross-Media Forum

21/08/2014

   

8то издание на Power to the Pixel: The Cross Media Forum ќе се одржи во период од 7-10 октомври 2014 година, во склоп на 58то издание на Лондонскиот филмски фестивал.

Форумот е наменет за индустриски професионалци од областа на филмот, телевизијата, видео игрите, издаваштвото, маркетингот или мобилната технологија кои се заинтересирани да дознаат повеќе за новите начини и механизми на финансирање на проектите како и за водечките  крос-медиумски стратегии, одржливите бизнис модели и ангажирањето на публиката. 

Настанот е замислен како серија од предавања од страна на водечки имиња од медиумските индустрии придружени со презентација на истакнати крос-медиумски проекти пред комисија од меѓународни финансиери.

Повеќе информации за форумот можете да најдете на http://www.powertothepixel.com