Предселекција за Берлинале 2015

28/10/2014

Предселекцијата за 65то издание на Берлинскиот филмски фестивал (кој ќе се оддржи во Берлин, Германија во периодот од 5-15 февруари 2015 година) за земјите во регионот, оваа година ќе се одржи во Белград, Србија во периодот од 1-5 декември 2014 год.

За пријавување филмови за предселекција до Агенцијата за филм потребно е да се достават електронски следните податоци:
Име на филм; име на режисер, времетраење, тип на филм, во која фаза од постпродукција е филмот, име на продуцент и контакт.

Вашите филмови можете да ги пријавите најдоцна до 20.11.2014 год. на емаил: info@filmfund.gov.mk

Филмовите кои ќе ги пријавите потребно е да бидат доставени до архивата на Агенцијата за филм на РМ најдоцна до 24.11.2014 год. до 16:00 часот во следниве формати: DCP или Blu-ray.

Правилата на Берлинскиот филмски фестивал налагаат интернационална премиера на пријавените филмови или најмалку европска премиера на истите. Сите завршени филмови или rough cuts од филмовите кои ќе бидат завршени до средината на декември 2014 година се прифатливи за прикажување на предселекцијата за следниве програми на фестивалот:
- Official Competition
- Short Film Competition
- Panorama
- Forum ili Forum Expanded
- Generation


Повеќе информации за фестивалот на  https://www.berlinale.de/en/HomePage.html