Премиера на документарниот филм “Macedonia Mon Amour“

10/03/2014

На 9 март 2014, со почеток во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија се одржa премиерата на германско-македонскиот филм “Macedonia Mon Amour”.  Филмот е во продукција на Convincet GmbH, cine plus Media Service GmbH & Co. KG и ЕФА Продукција и е реализиран со поддршка на Филмскиот фонд на Македонија.

“Macedonia mon amour” е документарен филм кој не се развива во правецот на прикажувањето разни надворешни случувања, туку кон прикажување на речиси медитативни слики на детали и сеќавања. Минатото и сегашноста стопени помеѓу себе во фин колаж. Со овој филм се прикажува слика за Македонија како импресија од сеќавања, а тоа е единствениот пристап кој странец може да го направи однадвор. Во таа смисла “Macedonia mon amour” е филмувано спознание.

Агнеса Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза, која што се стекна со светска слава како Мисионер во Индискиот град Калкута е родена во Скопје во 1910 за да стане, како што самата велеше “граѓанин на светот”. Малку познатите факти за времето на Мајка Тереза во и околу Скопје се прикажани со симболични слики низ филмот, оставени да се проткајуваат како златни нишки.

2000 илјади години порано Апостолот Павле беше роден во сегашната турска област Tarsus, од страна на еврејски родители кои исто така беа и римски граѓани. Откако тој имал визија за помошта која од него ја барале Македонците, ја основал првата христијанска заедница во градот Philippi во римската област Македонија. Пред неколку години малото македонско село Паљурци беше повторно откриено како место каде што најверојатно тој се скрил од римското гонење. Филмот го следи многу значајниот христијански живот во Македонија од деновите на Св. Павле, христијанските градови во доцниот антички период, средновековната охридска школа и монашкиот живот, се до Мајка Тереза. Филмот ги прикажува и младите генерации како го откриваат христијанското наследство.

Археолошките наоѓалишта, родниот град на Мајка Тереза - Скопје, ископувањата низ целата земја и манастирите се дел од сценита на истражувачкото патување низ Македонија. Низ мозаик од информации од секоја локација, преку интервјуа со локалното населние, сликата за земјата и нејзината цивилизациска и културна разноликост почнува да се оформува. Ги согледуваме причините поради несогласувањата помеѓу Македонија и нејзините соседи во потрагата по културното наследство. Во исто време стануваме се поимпресионирани од тоа како сите овие влијанија создале нешто многу поголемо, а тоа се корењата и вредностите на западната култура.