Премиера на „Матeријал за аудиција“ и „Човекот со чудна навика...“

09/05/2012

Утревечер, во 18 часот во кино Милениум ќе се одржи премиера на два македонски краткометражни филма, „Материјал за аудиција“ од режисерот Ѓорче Ставрески и „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ во режија на Вардан Тозија.

 

 

Во филмот  „Материјал за аудиција“, газдарица го замолува својот потстанар со кола да ги пренесе нејзината млада пријателка и ќерката до некое место. Не претпоставувајќи, потстанарот е вовлечен во еден етички проблематичен чин и дознава дека всушност младата жена си ја остава ќерката на посвојување.

 

 

 

 

 

Во „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“  приказната се врти околу Петар чиј секој нареден ден е најлошиот ден во неговиот живот, се додека еден ден не се појави еден таинствен, нем гостин кој го удира Петар по глава со чадор. Тој го удира и удира, без намера да престане. Што и да направи Петар за да се ослободи од оваа напаст, необичното човече е постојано тука.