Светска премиера на „Ноќен живот“ на престижниот фестивал во Карлови Вари

14/06/2016

 

 

 

 

Филмот “Ноќен живот” во режија на Дамјан Козоле својата светска премиера ќе ја има во главната селекција на престижниот Филмски фестивал во Карлови Вари, Република Чешка.

„Ноќен живот“ е копродукција помеѓу Словенија (Вертиго), Македонија (Сестри и брат Митевски) и Босна (SCCA/pro.ba). Филмот зборува за двајца сопружници чиј живот одеднаш ќе се смени по несреќата која му се случува на мажот.

Македонската екипа, предводена од продуцентската куќа Сестри и брат Митевски, ја сочинуваат актерот Петар Арсовски, Иво Трајков како монтажер, Мојца Горогранц Петрушевска шминкер, композиции и музика се користени од Сашко Коцев, асистент на камера е Маријан Боцевски, асистент на сценографија е Бобан Петрушевски, дел од звукот е работен во Аудиохаус, и специјалните ефекти се изработени во студиото на ФХ3Х.

„Ноќен живот“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија како македонска малцинска копродукција.