Премиера на документарниот филм „Последниот отпор на старецот“

12/08/2014

Документарниот филм „Последниот отпор на старецот“ во режија на Арбен Тачи, премиерно ќе биде прикажан на 18ти август (четврток) во 20 часот во салата на Кинотеката на Македонија.

Филмот ја следи приказната на Гарип Ибрахим,  83 годишен старец кој живее во планинското село Седларево.Тој е меѓу последните што се занимава со обработка на дрвени лажици, како примарен извор на егзистенција.

Филмот е во продукција на Арб Филм и е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија.