Премиера на „Балканот не е мртов“

20/10/2013

           

„Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски, во продукција на Кино Око, ја имаше својата долгоочекувана премиера овој петок во кино Милениум. Својата фестивалска премиера филмот ја имаше на ланското издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Филмот од деновиве е на редовниот репертоар на киното Милениум, а ќе биде прикажуван и во Битола а од наредната недела и Струмица.

„Балканот не е мртов“ е работен според сценарио на Дејан Дуковски, а главните улоги ги толкуваат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Наташа Тапусковиќ, Јордан Симонов  и Раде Шербеџија.

Филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.