Премиера на „Дода – Животот и авантурите на Франц Барон Нопча“

05/02/2016

Во киното „Фросина“ вечерва од 20.00 часот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм  „Дода – Животот и авантурите на Франц Барон Нопча“ во режија  на Висар Вишка.

Филмот ја обработува драмата која се случила на виенската улица “Singerstrasse“ каде професорот Барон Франц Нопска го застрелал својот долгогодишен секретар,  Бајазид Елмас Дода, и потоа се самоубил на своето биро.

    Продуцент и сценарист на филмот  е Висар Вишка (Вис продукција), монтажата е на Зоран Цанчевски а директор на фотографија е Филип Кондовски.

    Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.