Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Премиера на краткометражниот „Убаво време за умирање“

20/11/2013

Денес е премиерата на краткометражниот филм во режија на Сенад Абдули „Убаво време за умирање.“ Филмот ќе биде прикажан во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово, со почеток во 20 часот.

Филмот од поинаков аспект се занимава со негативниот феномен на самоубиството во современите општества. Ова е приказна за Мети, маж на околу 50 години кој одлучува да се самоубие поради монотонијата на својот живот и неможноста да се грижи за своето семејство. Тој ја сака точноста и е многу врзан за датите и часовите. Заминува од својот дом  во намерата да изнајде причини да се оттргне од животот...

Главната улога на Мети ја толкува Сенад Абдули, а во филмот играат и Наиме Ази, Леарт Абдули, Деа Сабриу, Адриан Кадри и Неџла Абдули.

„Убаво време за умирање“ е во продукција на Арнел и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.