Премиера на „Последниот Македонец во Македонија – Патот до истребување“

14/09/2015

Документарниот филм „Последниот Македонец - Патот до истребување“ во режија на Илија Пиперковски во продукција на Тринити плус Продукција, ќе ја доживее својата премиера на 19.09.2015 (сабота) во 16:30 часот во салата на Театар Битола. 

Филмот е мотивиран од 100 годишнината од Букурешкиот Договор и беше сниман на локации во Битола и околината.

Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Рубенс Муратовски,Ненад Нацев, Зоран Љутков, Славиша Каевски, Петар Горко, Митко С. Апостолоски.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.