Премиерно прикажан „Барајќи ја среќата“

18/09/2013

 

 

Документарниот филм „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева беше премиерно прикажан вчера во Центарот на културата во Битола, во склоп на документарната програма на 34то издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

 

Филмот е приказна за осуммина неженети мажи кои заминуваат во Москва за да си најдат жени. Филмот е поделен во три дела кои ги отсликуваат верата, надежта и љубовта.


Продуценти на филмот се Владимир Стојчевски и Горан Стоилковиќ и е поддржан од Филмскиот фонд на Р. Македонија.