Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Премиера на македонско-косовската ко-продукција „Враќање“ на Кастриот Абдули

17/04/2018

 

Премиерата на филмот „Враќање“ или “Kthimi” во режија на Кастриот Абдули ќе се одржи на 18-ти април 2018 година во 20:00 часот во киното CINEPLEXX во Скопје Сити Мол. Кастриот Абдули се јавува и како продуцент и сценарист, а извршен продуцент е Симеон Дамевски.

Драмата „Враќање“ зборува за млад албански емигрант и неговата девојка французинка кои решаваат да го посетат неговото родно село во Македонија. Пријатното изненадување се претвора во огромно разочарување кога неговиот татко, стар традиционален албанец, ќе ја дознае вистинската причина за враќањето на синот.  

Филмот е во продукција на „Дарданиа Филм Продукција“  од Скопје и „Шкупи Филм Продукција“ од Приштина и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Главните улоги ги толкуваат  Делфин Депардје, Селман Локај, Хазир Хазири, Сафете Рогова, Сефедин Нуредини, итн.