Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Премиера на документарниот филм „Кобра“ на Скопски Филмски Фестивал

19/04/2018

 

Најновото остварување на Скопје Филм Студио, долгометражниот документарен филм Кобра посветен на боречката легенда Шабан Трстена ќе биде премиерно прикажан на претстојниот 21. Скопски филмски фестивал, на 20-ти април со почеток во 19 часот, во киното Милениум ГТЦ Скопје.

Кобра е трогателна приказна за единствениот спортист од Македонија кој освоил олимписко злато, чии големи успеси никогаш не биле признаени од политичките авторитети и општеството.

Направен е по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски а режијата е на Игор Иванов. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а истиот беше поддржан од Агенцијата за филм на РМ.