Премиера на документарниот филм „Право кон ѕвездите“

05/06/2017

 

На 4 Јуни, во малата сала на Македонскиот Народен театар, се одржа премиера на документарниот филм „Право кон ѕвездите“. Филмот, е во режија на Бранислав Поповиќ и во продукција на Томато, и истиот е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на РМ.

„Право кон ѕвездите“ е документарен филм кој е посветен на Македонскиот народен театар во Скопје. Македонскиот столб на театарското творештво и раѓалиштето на многу театарски и воопшто актерски легенди е повеќе од мотив за да се создаде единство на спомените и современите случувања. Овој документарен филм ќе не наврати во времето кога постоел предходниот објект на МНТ, кој се срушил во земјотресот, на неговата работа пред земјотресот, за тогашната публика и нејзината култура на одење во театар. Сето ова доловено преку сведоштва на најголемите театарски легенди кои говорат во самиот филм, преку стари снимки кои воопшто постојат во архивите во земјава ќе ни го доближи духот на театарот од тоа време.Во исто време овој филм ќе не воведе во приказната од „новата ера“ на постоењето на МНТ.