Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Премиера на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески во Солун

10/11/2017

 

Долгометражниот игран филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја имаше својата светска премиера на 58. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Солун.

Официјалната проекција на филмот се одржа на 09. ноември во салата „Ставрос Торнес“ со почеток од 20:30 часот и на истата присуствуваа актерската екипа на филмот заедно со режисерот Ѓорче Ставрески, како и претставници од Агенцијата за филм на Република Македонија. Покрај официјалната премиера, филмот ќе има уште една проекција закажана за 10. ноември.

„Исцелител“ е приказна за Веле, кондуктер на железничка станица, со детска наивност и тврдоглавост, кој очајно се обидува да го зближи семејството и притоа краде пакет со килограм марухуана кој им припаѓа на опасни криминалци и на крајот мора да ја плати цената.

Покрај режијата на филмот, Ѓорче Ставрески се потпишува и како сценарист на ова остварување, монтажата е на Мартин Иванов, директор на фотографија е Дејан Димески, а за музиката е одговорен Бранислав Николов. Актерската екипа ја сочинуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Диме Илиев и Симона Димковска.

Филмот е во продукција на Фрагмент филм и истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.