Премиера на краткиот филм „Вишновата Градина“

05/12/2011

Вечер во Кинотека на Македонија со почеток во 20:00ч премиерно во Скопје ќе се прикаже краткиот филм „Вишновата Градина“ во режија на Гоце Димовски.Краткиот филм зборува за контроверзната идеологија на социјализмот. „Вишновата Градина“ преку главните ликови кои ги  толкуваат Мето Јовановски и Габриела Петрушевска го илустрира  конфликтот меѓу ригидноста, репресија, суровоста и универзалните човекови вредности. Филмот е работен во текот на минатата година и истиот е подржан од страна на Филмски Фонд на РМ.