Претселекција на филмови за Кански Филмски Фестивал

23/03/2012

Францускиот претселектор Жоел Шапрон, кој важи за еден од најдобрите познавачи на источноевропски филмови, од денес е во Македонија за да  погледне 28 долгометражни, документарни, краткометражни и анимирани филмови од поранешна Југославија и Албанија.

12 македонски филма, меѓу кои и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски и  „Војната заврши“ на Митко Панов, ќе му бидат претставени на претселекторот и можеби ќе ја добијат можноста да бидат понудени на главните селектори од Кан за 65то издание на Канскиот Филмски Фестивал , кој ќе трае од 16ти до 27ми Мај.

 

МТВ: Претселекција на филмови за Канскиот филмски фестивал

ТеаМодерна: Претселекција на филмови за Канскиот филмски фестивал

Вечер: Претселектор од Кан ќе гледа 12 македонски филмови

Дневник: Три македонски играни филма ќе гледа селекторот од Kан

УтринскиВесник: Претселекција на филмови за Кан во Скопје

МИА: Претселекција на филмови за Канскиот филмски фестивал

ИДИВИДИ: Претселекција на филмови за Канскиот филмски фестивал