Презентација на второто издание на „Денот на Џифони“

05/06/2014

     

Денес, во просториите на Агенцијата за филм на Република Македонија се одржа прес- конференција на тема Претставување на програмата за Денот на Џифони.

Агенцијата за филм на Република Македонија, Здружението за ширење на филмската култура Џифони М и Фестивалот Giffoni Experience  по втор пат организираат “Ден на Џифони” во Република Македонијa. „Денот на Џифони 2014’’  ќе се оддржи во сабота (07.06.2014г.) во Градскиот парк во Скопје под мотото: ЛЕТОТО ПОЧНА: ИЗЛЕЗИ ОД ШКОЛО, ВЛЕЗИ ВО ФИЛМ.

Во текот на петте часа ќе се одвиваат повеќе активности предвидени за учесниците како и за нивните семејства. Основната идеја е да се пренесе темата, датумот и активностите за второто издание на фестивалот Џифони Македонија, со јавно прогласување на добитниците на конкурсот Giffoni Experience и Four River Film Festival како и доделување награда на учесниците во работилницата на ”Едноминутни филмови “ чиј филм влезе во официјалнта селекција на Four River Film Festival во Хрватска.