За прв пат претставен SEED - каталог на документарни филмови од регионот

28/10/2013

Медиа центарот РЕСТАРТ и хрватскиот Aудиовизуелен центар со огромно задоволство го преставуваат каталогот “SEED ” – со најновите завршени проекти и проекти во фаза на постпродукција од областа на документарен филм.  Проектите претставени во каталогот  доаѓаат од шест земји од југоисточна Европа (Хрватска, Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија и Бугарија), регион плоден со многубројни теми за документарен филм, истовремено регион со турбулентно минато, понекогаш бурна сегашност и несигурна иднина.

За прв пат, најновите остварувања од областа на документарниот филм се собрани во еден каталог со цел да се сподели една успешна приказна. Каталогот ќе биде премиерно промовиран на годинешното издание на Фестивалот на документарен филм DOK Лајпциг, кој се одржува во период од 28 октомври до 3 ноември во Германија.

Проектот е поддржан од Филмскиот центар на Србија, Филмскиот фонд на Македонија, Националниот филмски центар  на Бугарија, Министерството за култура на Црна Гора и Балканскиот документарен центар.

 

Каталогот “SEED” можете да го погледнете на следниов линк