Прес конференција по повод 9. издание на Францускиот Филмски Фестивал

14/06/2016

На прес конференција по повод започнувањето на 9. издание на Францускиот Филмски Фестивал, учествуваа Министерката за култура на Република Македонија, г-ѓата Елизабета Канческа Милевска, Амбасадорката на Франција во Република Македонија, г-ѓата Лоренс Оер и Директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, г-ѓата Мими Ѓоргоска Илиевска.

Фестивалот кој ќе се одржува во Скопје и Охрид во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт, а со поддршка на Агенцијата за филм на РМ, ќе започне утревечер (15 Јуни), во Киното Милениум, со проекција на филмот „Патот за Истанбул“ на алжирскиот режисер Рашид Бушареб. На фестивалската програма се уште пет филма во Скопје  („Страв“ и „Утре“ на 16 јуни,  „Фатима“ и „Лето“ на 17 јуни и „Ни на небо ни на земја“ на 18 јуни) и три филма во Охрид кои ќе бидат прикажани во Центарот за култура „Григор Прличев“ („Каприс“ на 16 јуни, „Три срца“ на 17 јуни и филмот „Судија“ на 18 јуни). Гости на фестивалот ќе бидат актерката Астрид Ветнал и режисерот Кристијан Венсан (од филмовите за отворање и за затворање на фестивалот), како и претставници на Националниот центар за филм на Франција (CNC) – Жилиен Езано, советник за билатерална соработка на CNC, и Одре Бијар, директорка на фестивалот за краткометражни филови „Off-Courts“. Тие во Агенцијата за филм на РМ во четврток, со почеток во 11 часот, ќе имаат средба со филмските професионалци од Македонија.

Амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер на прес-конференцијата рече дека мото на годинашниот фестивал е „Различна кинематографија“ затоа што има желба да покаже иновативност и ангажираност. Во таа насока е филмот „Патот за Истанбул“ кој раскажува актуелна тема – одлуката на млада девојка да замине во војна во Сирија, како и документарецот на еколошка тема „Утре“, кој до сега го виделе преку милион гледачи.

– Во четирите фестивалски денови во Скопје и во Охрид ќе имаме можност да гледаме престижни француски филмови кои имаат бројни награди, меѓу другите и наградата „Цезар“, а филмот „Судијата“, на пример, е награден во Венеција. Програмата на фестивалот е комплетна зашто не се состои само од филмови, туку има и професионални средби, што ќе овозможи филмските работници Македонија да стапат во контакт, да разменат искуства и да реализираат нови копродукции со Франција, рече Оер.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека овој фестивал се очекува со нетрпение од македонската публика поради долгата традиција на француската кинематографија и естетиката на францускиот филм. Таа посочи на одличната сорабтка со Франција во реализацијата на две мултилатерални копродукции („Мајки“ на Манчевски и „Лазар“ на Ристовски).

Потсети дека познатата продукција „Шик филмс“ лани во Македонија снимаше дел од францускиот филм „А Фонд’ на режисерот Никола Бенаму и дека интерес за снимање на локации низ земјава покажале и други филмски компании од Франција, како и од Велика Британија.

– Уверена сум дека соработката помеѓу Франција и Македонија и во иднина ќе се продлабочува и интензивира, а токму Фестивалот на францускиот филм ќе биде одлична можност нашите продуценти, автори, режисери да разменат контакти и да реализираат заеднички иницијативи и проекти, рече Канческа-Милевска.

Директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓоргоска-Илиевска го истакна значењето на средбата на македонските филмски професионалци со претставниците од францускиот филмски центар CNC и доаѓањето на нејзиниот колега Жилиен Езано. Средбата е можност за размена на информации кои би резултирале со нови копродукциски проекти.

– Задоволство е што ќе ги имаме како гости во Агенцијата за филм. Се надевам дека оваа традиционална соработка во областа на филмот ќе можеме во блиска иднина да ја крунисаме и со еден билатерален договор помеѓу двете земји за соработка во филмската дејност, истакна Ѓоргоска-Илиевска.

At a press conference on the occasion of the 9th edition of the French Film Festival, attended by the Minister of Culture of the Republic of Macedonia, Mrs. Elizabeta Kanceska Milevska, the Ambassador of France in Macedonia Mrs.Laurence Auer and the Macedonian Film Agency Director, Mrs. Mimi Gjorgoska Ilievska.