Презентација на предлог Законот за филмска дејност

10/05/2013


Денес во просториите на Филмскиот фонд со почеток во 11:00 часот се одржа Презентација на предлог Законот за филмска дејност и дебата по истиот. На презентацијата присуствуваа македонските филмски продуценти и автори. Министерката за култура, Г-ѓа Елизабета Канческа Милевска го презентираше концептот на новиот предлог закон по што се разви плодна дебата на која се даваа предлози, мислења и сугестии од страна на македонските продуценти и режисери.

Сите заинтересирани за подобар закон за филмска дејност се повикани своите предлози и сугестии да ги доставуваат до Филмскиот фонд (или на е-маил contact@filmfund.gov.mk) или Министерството за Култура на Република Македонија (или на е-маил v.ilievska@kultura.gov.mk).

Предлог законот за филмска дејност може да го превземете тука