Producers On The Move 2012

24/04/2012

                                                  

European Film Promotion ги објави овогодишните 25 продуценти преставници од земјите членки кои ќе бидат дел од Проектот  Producers on the move 2012.

Преставник од Република Македонија e продуцентот Роберт Насков од продуцентската куќа Кино Око која минатата година ги снимаше филмовите Балканот не е мртов во режија на Александар Поповски и Трето Полувреме на Дарко Митревски.

Овие 25 продуценти ќе бидат преставени на Канскиот Филмски Фестивал во периодот од 19-22 Мај 2012.

Во склоп на проектот Producers on the move 2012 ќе се одржи работилница за сите продуценти, ќе ги презеентираат своите тековни и идни проекти, ќе имаат средни и со продуценти кои биле представници од минатите години со што се зголемува потенцијалот за остварување на контакти со професионалци од филмската индустрија како прв и најважен чекор во градење на филмски проект како копродукција со други земји.

 

Повеќе информации ОВДЕ