Продукцијата на филмот „Бегство до морето“ започнува на 2 Март 2017

01/03/2017

 

Во Пула, на 28 февруари 2017 година, се одржа прес-конференција по повод почетокот на снимањето на меѓународниот копродукциски филм „Бегство до морето“, во режија на Вељко Булаиќ.

Проектот беше претставен од страна на сценаристот и режисер Вељко Булаиќ, продуцентот Томислав Жaja од продукциската компанија Грал филм, директорот на фотографија Станко Херцег и актерите Дијана Видушин и Горан Гргиќ. На конференцијата присуствуваа градоначалникот на округот Истра Валтер Флего, градоначалникот на Градот Пула Борис Милетиќ и директорката на Истарската филмска комисија Александра Винкерлиќ.

Снимањето на филмот ќе започне на 2 март 2017 година и поголемиот дел од филмот ќе се снима на различни локации во Истра.

Филмот „Бегство до морето“ ги следи случувањата и судбината на трите главни ликови во драматични околности на Втората светска војна, кои ги поврзува со сегашното време. Главна тема на филмот е победа на човечноста и љубовта, над хоророт и апсурдноста на војните кои што доаѓаат и си одат, уништувајќи ги човечките вредности на обичните луѓе, т.н. малиот човек.

Визијата на режисерот Вељко Булаиќ е најдобро изразена во следниот цитат: „Без идеологизација на едната или на другата страна на војната, филмот е замислен како современ поглед, со дистанца, неоптеретен од артикулација на политичките и идеолошките аспекти на гледање. Филмската приказна за т.н. „малите луѓе“ од обете завојувани страни, ги обележува со суровоста на војната, но и животот денес. "

Продуцентот на филмот Томислав Жаја, соработка со Булаиќ ја опиша на следниот начин: „Вељко Булаиќ претставува големо име во историјата на европската кинематографија, но уште поинтересен е неговиот сегашен креативен дух, кој како никогаш да не бил помлад и повеќе креативен. Занаетската супериорност и совршенство на Булаиќ и неговото истенчено чувство за актерите, ветуваат уште едно значајно остварување“.

Филмовите на Вељко Булаиќ се едни од најгледаните филмови во поранешна Југославија. Повеќето филмови на Булаиќ беа дистрибуирани низ целиот свет. Продукцијата на филмот изврши студиозни подготовки за снимањето и во тој процес успеа да го интернационализира проектот, што за хрватската кинематографија и филмот „Бегство до морето“ претставува значаен чекор во напорите истиот да биде успешно дистрибуиран во целиот свет, по неговото завршување.

Филмот е копродукција помеѓу: Грал Филм (Хрватска), Догма Студио (Црна Гора), Гејзер Филм (Македонија), со финансикса поддршка од страна на Хрватскиот Аудио-Визуелен Центар, Министерството за култура на Црна Гора, Агенцијата за филм на Република Македонија, како и со поддршка на Општина Истра, Градот Пула и Филмската комисија на Истра.