Професионална средба со Жилијен Езано и Одре Бијар

21/06/2016

На 16 Јуни, во организација на Агенцијата за Филм на Република Македонија и Францускиот Институт од Скопје, во просториите на Агенцијата се одржа професионална средба со Г-дин  Жилијен Езано, советник за билатерална соработка во Националниот Филмски Центар на Франција (CNC) и Г-ѓа Одре Бијар, Директорка на фестивалот Off-Courts од Трувил, Франција.

На средбата учествуваа дваесетина македонски продуценти и режисери кои се запознаа со француските програми за поддршка на филмот, како и можностите за идна соработка со Франција. Средбата беше организирана во рамките на деветтото издание на Францускиот Филмски Фестивал, а присутните ги поздрави Амбасадорката на Франција во Македонија, Г-ѓата Лоранс Оер.

Претходно гостите имаа прием од страна на Директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Г-ѓата Мими Ѓоргоска Илиевска, на кој што беше дискутирано за можноста за потпишување на билатерален договор за соработка во филмската дејност помеѓу Македонија и Франција.