Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Проектот SNOWE 3, Жените во филмот- Програма за креативно поврзување за првпат се одржува во Република Македонија

28/10/2016

 

Годинава за прв пат во Македонија во периодот од 25.-29. октомври се одржува проектот SNOWE 3,Женитевофилмот – програмазакреативноповрзување. Програмата SNOWE 3 е поддржана од Шведскиотинститут, и целта на истата еда ги поддржижените автори во светоткоиработатвофилмскатаиндустријакако и преку проектот да овозможи нивно поврзување.

Преставниците од SNOWE, Јелена Мила, Аста Рантанен и Јана Ѓоргинска од Амбасадата на Кралството Шведска во Македонија на 24.10.2016 година одржаа прва средба во Агенцијата за филм на Република Македонија со директорката м-р Мими Ѓоргоска Илиевска на која се разговараше за активностите планирани согласно Агендата.

 

 

На 26.10.2016 година  преставниците од проектот беа во посета на Кинотека на Република Македонија со цел запознавање на нејзината работа и работни активности, a потоа во просториите на Агенција за филм, директорката Мими Ѓоргоска Илиевскаодржа презентација за работата на Агенцијата која се однесува на копродукциските можности и правото на поврат на вложените средства -  20% од средствата инвестирани во Република Македонија.

 

По презентацијата во Агенцијата за филм на Република Македонија, со почеток од 16:40 часот во Младинскиот културен центар се одржа средба со македонските филмски работници, каде претставниците од SNOWE ги презентираа агендите и политиките на проектот, присуството на жените автори во филмската продукција во Шведска по што следеа разговори со присутните филмски работници од нашата земја со цел размена на искуства во делот на темите.

Во киното Фросина како дел од проектот следуваше проекција на шведските филмови: Flocking иWe are the best. Пред почетокот на проекциите пред присутните се обрати и Директорката на Агенција за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека и е особено  драго што Македонија е домаќин на еден настан од овој тип  што ќе им овозможи на присутните гости и локалните филмски професионалци да ги споделат своите искуства и ставови  во однос на предизвиците и можностите со кои се сретнуваат во својата работа како и да остварат потенцијални идни соработки.