„Панкот не е мртов“ награден и во Софија

18/03/2012

Филмот на Владимир Блажевски освои уште една награда, овојпат во Бугарија на 16 то издание на Sofia International Film Festival.  На фестивалот публиката го одбра  „Панкот не е мртов“  за свој фаворит.  Наградата е диплома и парична премија. Ова е десетта меѓународна награда за „Панкот не е мртов“.

 

 

Претходни награди:

Награден на Меѓународниот Филмски Фестивал Синема Мунди, 2012

Најдобар филм во програмата „Исток на Западот“ - Меѓународен Филмски фестивал Карлови Вари, 2011

Најдобра машка улога/ Јордан Симонов - Меѓународен Филмски фестивал Црна Гора, 2011

Специјална награда на жирито- Меѓународен Филмски Фестивал Прифест, 2011

FEDEORA- Награда на критичари - Фестивал на медитерански филм, Копер, 2011

Награда „Дијалог за меѓукултурни комуникации“ – Меѓународен Филмски Фестивал Котбус, Германија 2011

Најдобра улога/ Јордан Симонов - Филмски Фестивал Косово, 2011

Награда за најдобар филм и МЕДИА награда - Филмски Фестивал Тирана, 2011

 

 

повеќе информации за филмот ОВДЕ