„Барајќи ја среќата“ прикажан на ФерФилм Фестивал

29/07/2014

 

 

Документарниот филм „Барајќи ја среќата“, во режија на Марија Џиџева, беше прикажан на Меѓународниот филмски фестивал ФерФилм во Косово.

 

„Барајќи ја среќата“ е приказна за судбините на осум неженети мажи кои, полни надеж започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа.

 

Ова е второ издание на фестивалот, кој се одржува вод 26ти до 31ви јули.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија.