„Барајќи ја среќата“ со награда на Фестивалот ФерФилм во Косово

05/08/2014

Документарниот филм „Барајќи ја среќата“ е прогласен за најдобар документарен филм на второто издание на Меѓународниот филмски фестивал ФерФилм, кој се одржа од 26-31 јули во Косово.

„Барајќи ја среќата“ е приказна за судбините на осум неженети мажи кои, полни надеж започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа.

Филмот е во режија на Марија Џиџева и е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија.