Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Реквием за г-ѓа Ј“ избран за програмата „Works in progress“

15/06/2016

 

„Реквием за г-ѓа Ј“ на режисерот Бојан Вулетиќ е избран за програмата „Works in progress“ на 51. Филмски фестивал во Карлови Вари што ќе се одржи од 1. до 9 јули. Филмот е копродуцкија помеѓу Србија (SEE FILM PRO), Бугарија (GEOPOLY FILM) и Македонија (Скопје филм студио).

Програмата „Works in progress“ е наменета за продуценти и режисери  од 31 земја кои ќе ги претстават своите играни филмови кои во моментот се во фаза на продукција, постпродукција или само што се завршени и се очекува да ја имаат својата официјална премиера по завршувањето на фестивалот во Карлови Вари. Бројот на филмски проекти кои се селектирани  во потесниот круг за оваа програма е осум.

Наградата за програмата „Works in progress“ изнесува 100.000 евра, обезбедена од партнерите на филмскиот фестивал (60.000 евра за постпродукцијата на слика од компанијата UPP, 30.000 евра од Soundsqare за аудио постпродукција и 10.000 евра од Barrandov Studio - за завршување на филмот во текот на фазата на постпродукција).

„Реквием за г-ѓа Ј“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија како македонска мнозинска копродукција.