„Реквием на г-ѓа Ј“ на фестивал во Ерменија

10/07/2017

 

 

Долгометражниот филм „Реквием за Госпоѓа Ј“ на режисерот Бојан Вулетиќ ќе се прикаже во официјална конкуренција на 45.14. издание на Меѓунардониот филмски фестивал „Златна кајсија“ што се одржува од 09-16 јули во Ереван, Ерменија.

„Реквием за госпоѓа Ј“ обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и емотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва. Главниот лик, Госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е трудна, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никого. На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција.

Сценариото е на Бојан Вулетиќ, директор на фотографија е Јелена Станковиќ, сценограф е Зорана Петров, костимограф Лана Павловиќ, шминка Јасмина Лилиќ, а монтажата е на Владимир Павловски. Улогите ги толкуваат: Мирјана Карановиќ, Даница Неделковиќ, Мира Бањац, Јована Гавриловиќ, Срѓан Тодоровиќ и др. Филмот е малцинска копродукција помеѓу Србија (SEE FILM PRO), Бугарија (GEOPOLY FILM), Руската Федерација (Non-stop Production), Франција (Surprise Alley) и Македонија (Скопје филм студио).

Филмот е финансиски поддржан од  Агенцијата за филм на РМ, Српскиот филмски центар и Бугарскиот национален филмски центар, а подршка даде и Еуримаж-Европскиот копродукциски фонд на Европска Унија.