Ревија на македонски филмови во Берово

03/07/2014

Во Рамките на летната културна програма на општина Берово, а во соработка со Министерството за култура на Република Македонија, Агенцијата за филм на Република Македонија и Кинотеката на Република Македонија во период од 3ти до 7ми јули ќе се оддржи Ревија на македонски филмови.

Ревијата на македонските филмови ќе биде отворена вечерва во 20:00 часот во салата Бизнис Инкубатор со краткометражниот филм „Влакна“ на Елеонора Венинова и „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски.

Во склоп на ревијата, беровската публика ќе има можност да ги проследи филмовите од новата македонска продукција, a во соработка со Гете институтиот и Кинотеката на Македонија најмладите ќе уживаат во детската програма “БУФ” .

 

ВЕЧЕРНА ФИЛМСКА ПРОГРАМА

 

Ден 1: 03.07.2014, 20 ч.

„Влакна“ на Елеонора Венинова

„Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски

 

Ден 2: 04.07.2014, 20 ч.

„Материјал за аудиција“ на Ѓорче Ставревски

„Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски

 

Ден 3: 05.07.2014, 20 ч.

„Човекот со чудна навика...“  на Вардан Тозија

„Трето полувреме“ на Дарко Митревски

 

Ден 4: 06.07.2014, 20 ч.

„Игра и спас“ на Горан Тренчовски

„Војната заврши“ на Митко Панов

 

Ден 5: 07.07.2014, 20 ч.

„Убаво време за умирање“ на Сенад Абдули

„Балканот не е мртов“ на Александар Поповски

 

Ден 6: 08.07.2014, 20 ч.

„Недовршена приказна“ на Наум Михајловски

„Барајќи си ја среќата“ на Марија Џиџева

 

Ден 7: 09.07.2014, 20 ч.

„Плати и жени“ на Атанас Георгиев

 

=====================================================================

ПЛАДНЕВНА ФИЛМСКА ПРОГРАМА – Детска програма БУФ

 

Ден 1: 03.07.2014, 12 ч.

ТОЧКИЧКА И АНТОН / 107 мин.

 

Ден 2: 04.07.2014, 12 ч.

ГОЛЕМИОТ СОН / 113 мин.

 

Ден 3: 04.07.2014, 12 ч.

ЛЕТЕЧКАТА УЧИЛНИЦА / 110 мин.

 

Ден 4: 06.07.2014, 12 ч.

ЧУДОТО ОД БЕРН / 117 мин.