Ревија на руски филмови во режија на Карен Шахназаров

01/11/2013

Филмскиот фонд на Македонија во соработка со Амбасадата на Руската Федерација организира Ревија на руски филмови во режија на еден од најистакнатите руски режисери, Карен Шахназаров. Отворањето на ревијата ќе се одржи во Киното Фросина на 03 ноември (недела), со почеток во 19 часот со прикажување на филмот „Белиот тигар“ во режија на Шахназаров. Режисерите Шахназаров и Симагин ќе присуствуваат како специјални гости на отворањето.

Ревијата на руски филм ќе се одржува во период од 03-08 ноември во Скопје,  и паралелно во Центрите за култура во 15 македонски градови, опремени со дигитални проектори (Гостивар, Делчево, Кичево, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово, Велес, Кочани, Дебар, Охрид и Битола).

Освен „Белиот тигар“ , во склоп на ревијата ќе бидат прикажани следните филмови во режија на Карен Шахназаров:

04.11(21.00) - „Љубов во СССР“
05.11(20.00) - „Палата бр.6“
06.11(20.00) - „Град Зеро“
07.11(20.00) - „Отрови“
08.11(20.00) - „Ние од џезот“