Ревија на руски воени филмови во Кинотеката на Македонија

08/05/2015

Вечерва, со почеток од 20.00 часот во Кинотеката на Република Македонија започнува Ревијата на руски воени филмови по повод 70 годишнината од завршувањето на Втората Светска Војна на која во текот на петте дена ќе бидат прикажани пет филмови во режија на еминентни руски режисери. Ревијата ќе биде отворена со филмот „Нормандија- Неман” во режија на Жан Древил и Дамир Вјатич-Береш.

Ќе бидат прикажани следниве филмови:

 9 мај - Таткото на војникот (1965) во режија на Резо Чкеидзе
10 мај - Ние сме од иднината (2008) во режија на Андреј Малјуков
11 мај - Ние сме од иднината 2 (2010) во режија на Александар Самохвалов
12 мај - Белиот тигар (2012) во режија на Карен Шахназаров

На отворањето на Ревијата за руски воени филмови, Н.Е. Г-дин Олег Шчербак, Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија свечено ќе му го додели медалот „Пушкин” на Дарко Башески, в.д Директорот на Агенцијата за филм на РМ. Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин со Указ од 28 октомври 2014 год  одлучи да го одликува со почесниот медал „Пушкин”,  Дарко Башески  в.д Директорот на Агенцијата за филм на РМ во чест на досегашниот особен придонес во областа на културата и уметноста, образованието, економијата и литературата, придонес во проучувањето и зачувувањето на културното наследство како и  зближување и меѓусебно збогатување на културите.