Отворен конкурсот за Rough Cut Boutique 2013!

29/05/2013

Во периодот од 19-24 август 2013 год. во Сараево ќе се одржи работилница за груба монтажа (Documentary Rough Cut Boutique). Работилницата е организирана од страна на Balkan Documentary Center (со седиште во Софија, Бугарија) и Sarajevo Film Festival.

Работилницата ќе опфати пет надежни документарни  проекти кои се во фаза на груба монтажа чии автори ќе имаат прилика да работат со врвни европски експерти од областа на документарниот филм.

Предавањата ќе бидат водени под менторската палка на Рада Шешиќ, селектор на документарната програма во склоп на Sarajevo Film Festival и Мартичка Божилова,  директор на Balkan Documentary Center и еден од најуспешните продуценти од Р.Бугарија.

Работилницата е отворена за автори од земјите од Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грузија, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Малта, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција и Молдавија за долгометражни-документарни филмови (кои се во фаза на груба монатажа, со времетраење подолго од 60 мин) и имаат потенцијал за пласирање на меѓународно и регионално ниво.


Конкурсот за аплицирање е отворен а крајниот рок е до 21 јуни 2013 година.

Подетални информации можете да најдете на следниов веб сајт http://bdcwebsite.com