Одржана тркалезна маса на тема: Поттикнување на вложување средства во филмски односно телевизиски проект

27/05/2014

    

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Денес, во просториите на Агенцијата за филм на Република Македонија со почеток во 11.00 часот, се одржа тркалезна маса на тема: Поттикнување на вложување на средства во филмски односно телевизиски проект.

На тркалезната маса присуствуваа околу 20тина продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија за производство на филмови кои како продуценти или копродуценти имаат снимено или јавно прикажано најмалку еден долгометражен филм.

Целта на овој собир беше претставување на програмата за поттикнување на вложување на средства во филмски, односно телевизиски проекти, односно преставување на условите, постапката и процедурата со цел стекнување на право на поврат во износ од 20% од бруто трошоците направени во Република Македонија, содржани во Законот за филмската дејност.