„Кружно патување на Марето“ на фестивал во Турција

27/09/2016

Краткиот анимиран филм „Кружно патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов беше прикажан на Филмскиот фестивал во Адана, Турција, што се одржа во период од 19-25 септември.

Филмот е во продукција на ФлипБук, сценариото го потпишуваат Жарко Иванов и Александар Прокопиев, монтажата е на Гоце Цветановски, директор на фотографија е Крсте Господиновски, а музиката е на Оливер Јосифовски.

Во октомври филмот ќе биде прикажан и на фестивалот On the Road Film Festival во Рим, и FilmLabFestival, што се одржува во перидот од 13-16 октомври во Бреша, Италија.

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.