„Кружно патување на Марето“ на фестивал во Холандија

10/02/2016

    Краткиот анимиран филм „Кружно патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов е влезен во официјална селекција на Holland Animation Film Festival (HAFF) 2016, што ќе се одржи од 16-20 март во Утрехт, Холандија.

    Филмот е во продукција на ФлипБук, сценариото го потпишуваат Жарко Иванов и Александар Прокопиев, монтажата е на Гоце Цветановски, директор на фотографија е Крсте Господиновски, а музиката е на Оливер Јосифовски.

     Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.