„Кружно патување“ селектиран на Европскиот фестивал на анимиран филм - Балканима

01/10/2013

   

Краткиот анимиран филм „Кружно патување“ во режија на Жарко Иванов, ќе биде дел од Балканима - европскиот фестивал на анимиран филм кој започнува денес и трае пет дена во Белград, Србија. Филмот ќе биде прикажан како дел од Панорамата на европскиот филм, во сабота на 5ти Октомври.
Станува збор за приказна,  работена по расказ на Димитар Солев која се задржува на старецот и неговите сеќавања на изгубениот син.

Филмот е во продукција на Флип Бук Продукција и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.